Блогирај и кога си на одмор

Дали сакате да работите додека сте на одмор? Сигурно не, барем јас не сакам. Исто така и да бидете извикани од одморот поради некоја работа. Дојдов до два одлични начини како да бидете активни на блогерајот и додека сте некаде на викенд или одмор и немате пристап до компјутер. Можеби мислите дека сум мрднат бидејќи ви кажувам како да работите за време на одморот, но станува збор за многу корисна опција која ја има WordPress.

Но, пред да заминете на одмор и да уживате ќе ви биде потребно малце повеќе работа. Ја имам користено оваа функција од порано кога имам одено на места кадешто нема интернет пристап или пак кога сакам одреден пост да го објавам во одредено време, и одлично функционира.

Распоредување на постовите

Со WordPress можете да напишете некој пост предвреме и да да сетирате да биде објавен во некое следно време. Се што треба да направите е да го напишете постот и во полето „Publish“ кликнете на Edit текстот покрај Publish immediately и го изберете времето и датумот кога сакате да се објави постот.

Време на објавување

Твитање на постовите

Со CoTweet можете да направите распоред кога и што да твитате. Доколку вашите блог постови ги објавувате на вашиот профил на Твитер, ова е вистинска алатка. За иста цел може да користите и некои од плагини за автоматско објавување на твит кога имате нов пост на блогот, па кога ќе биде објавен постот автоматски ќе се испрати порака на вашиот твитер акаунт дека нов пост е објавен на вашиот блог.

Се надевам дека овие два совети ќе ви бидат од помош кога ќе отидете некаде на одмор.

Остави коментар


data recovery software